Original Callout Macedonian

Интернационален ден против комерцијализацијата на образованието

(5-ти Ноември 2008)

 

Веќе
со многу години, индивидуи, групи и организации ширум светот, се борат
против растечките цени во образованието, растечкото влијание на
профитно водените компании и корпорации на универзитетите и
приватизацијата на образованието воопшто.

Ги
повикуваме студентите, образовниот и техничкиот кадар, работниците
ширум светот, да протестираат на 5-ти Ноември за еманципација на
образовните системи кои се достапни до сите, без разлика на годините
или социјалното потекло. Канадските студенти ќе застанат против
високите партиципации на овој ден; ајде да се обединиме во нашата борба
и да го обликуваме интернационалното студентско движење!

Ве
замолуваме да не контактирате, така што ние ќе ја додадеме “вашата”
организација како поддржувач на овој интернационален ден на акција.
Исто така ве охрабруваме да ни испратите кратко објаснување за тоа
зошто учествувате на овој ден на акција: некои организации го бранеа
јавниот образовен систем, други се генерално сконцентрирани на
еманципацијата на образованието, други пак се борат за слободен пристап
до високото образование – сите овие цели се меѓусебно поврзани!!

Досега деветнаесет групи во единаесет земји официјално ја поддржуваат оваа иницијатива и исто така  го
потпишаа повикот за овој ден. Моментално е достапен на седум јазици:
Англиски, Француски, Германски, Италијански, Шпански, Грчки и
Македонски.

Не
мора да се потпише овој повик за да учествувате на овој ден на акција,
но можете да го користите/менувате за да го промовирате овој ден на
акција во “вашата” област! Целта на овој протест е да се обединат
студентски активисти ширум светот со заедничка цел за еманципација на
образованието достапно до сите, и да се овозможи повеќе разбирање
помеѓу различни организации.

Еве што предлагаме:

Замислете
начин на протест (голем или мал) за вашите идеи поврзани со бесплатно
образование за целото општество за време на овој интернационален ден на
акција. Потоа пратете ни (united.for.education@gmail.com) клипови и
слики, заклучно со краток опис, во следните 10 дена после денот на
акција[краен рок: 15-ти Ноември].( Доколку не сакате вашиот материјал
да не биде објавен на оваа Web страна, тогаш контактирајте не.)

Материјалот
ќе се употреби за правење на краток филм или памфлет каде ќе се
сумираат сите протести што ќе се случат на 5-ти Ноември. (Доколку се
побара ќе ги заматиме сите лица на сликите или клиповите.) Памфлетот и
краткиот филм ќе помогнат да се допре до луѓето кои не се активни во
општествениот активизам. Резултатите ќе имаат за цел да покажат на
активистите и не-активистите  дека ова не е регионална или
национална боба туку глобална борба. Ве молиме слободно користете го
или ако е потребно менувајте го овој повик за интернационалниот ден на
акција и раширете го зборот.

Доколку
имате било какви прашања, коментари или предлози ве замолуваме да го
посетите форумот на овој website или контактирајте не на:
united.for.education@gmail.com